33 починати и 946 нови случаи на Ковид-19

03.12.2020 09:25

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63.890, бројката на оздравени пациенти е 40.977, на починати е 1.825, а бројот на активни случаи изнесува 21.088...

Во изминатото деноноќие регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.564 тестирања. Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти. Починати се 33 лица, од кои едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63.890, бројката на оздравени пациенти е 40.977, на починати е 1.825, а бројот на активни случаи изнесува 21.088.

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против Ковид-19.