САД
Трамп најави кандидатура на изборите во 2024 година
03.12.2020 11:43
На божиќниот прием во Белата куќа, тој изјави дека последните четири години биле неверојатни, па Републиканците ќе се обиделе да добијат уште мандат.

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека е можно да се кандидира повторно на идните избори. На божиќниот прием во Белата куќа, тој изјави дека последните четири години биле неверојатни, па Републиканците ќе се обиделе да добијат уште мандат.
Речиси еден месец по изборите, Трамп одби да го признае поразот во трката со Џо Бајден и ја ограничи комуникацијата со јавноста. Судовите ги отфрлија тужбите на неговиот тим за изборна измама од страна на Демократите.
Инаугурацијата на 46 американски претседател е на 20 јануари.
