Седници на четири собраниски комисии

03.12.2020 12:48

Комисијата за финансирање и буџет одржува две сесии, од кои на првата продолжи разгледувањето на Предлог- буџетот за 2021-ва година.

За денеска се најавени седници на четири комисии во законодавниот дом. Комисијата за европски прашања и Законодавно- правната комисија ги разгледуваат трите законски текста во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет одржува две сесии, од кои на првата продолжи разгледувањето на Предлог- буџетот за 2021-ва година.

Денеска ќе заседава и телото за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите. Ќе се разгледуваат упатството околу надзорот над мерките, како и проверка на пријавите за ангажирање двајца технички експерти, како постојана поддршка на комисијата.