Како да се заштитите од коронавирусот додека пазарувате?
Здравствените експерти понудија неколку совети за да се заштитите од ковид-19 кога сте во продавница и открија колку време е доволно да поминете во продавницата за да купите сè што ви треба.

„Се чини дека половина час е вистинското време“, изјави за Њујорк Тајмс, Линзи Мар, доктор по аеросолна наука во Вирџинија Тех, објаснувајќи колку долго можете да купувате. Таа додаде дека може да го направите она што ви треба за половина час, без да преземате ризици.
Мар ви советува да направите список за купување, да носите маска и да не го допирате лицето и да држите растојание. Исто така забележува дека временскиот рок од 30 минути не се базира на одредена студија, туку на работата на експертите за вентилација и други научници кои го анализирале ширењето на вирусот.
Планирајте ја вашата набавка
Мар советува да избегнувате да одите во продавница во моменти кога тие се најпрометни за да го ограничите контактот со други луѓе. Не се препорачува да се оди во продавница во сабота од 12 до 15 часот, бидејќи податоците од „Гугл мапс“ покажаа дека тогаш повеќето луѓе одат во продавницата. Најмалата гужва во продавниците е во понеделник во 20 часот.
Мар наведува дека не е потребно да се дезинфицира количката, само внимавајте да не го допирате лицето. Не е потребно да носите ракавици, доволно е да ги миете рацете веднаш откако ќе завршите со купувањето. Се препорачува безконтактно плаќање, а вие можете да си донесете своја торба за храна.
Научниците откриле дека шансата да се заразат на овој начин е многу мала. Д-р Мар забележува дека дури и ако заразено лице ја допрело храната што сте ја купиле, сепак вашите раце претставуваат поголем ризик за пренесување. Затоа се посочува дека миењето на рацете е клучно за да се заштитите.
Дијана Гогова Атанасова
