Продолжуваат несогласувањата околу измените на Деловникот
Продолжуваат препукувањата околу измените на Деловникот. Амандманите се реакција на неуставноста и насилничкото однесување од страна на СДСМ, велат од опозицијата. За владејачкото мнозинство со нив се прават очајни обиди за блокирање на работата на Собранеито и дејствување спротивно на националните и државни интереси...

Владејачкото мнозинство ја обвини опозицијата дека го блокира донесувањето на измените на деловникот за онлајн работа на пратениците, со цел да ги поткопа државните позиции. Од СДСМ велат дека со оваа блокада ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги продолжуваат опструкциите врз здравствениот систем и борбата против корона вирусот.
Груба манипулција се наводите на владејачкото мнозинство и Зоран Заев дека како опозиција сме блокирале и друг закон од здравствената сфера, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сметаме дека ние ништо не сме повеќе од работниците во фабриките или други кои одат на своите работни места, додаваат.
Од СДСМ ја демантираа Лашковска, посочувајќи дека освен Деловникот опозицијата го блокирала токму Законот за здравствена заштита, поднесувајќи над 500 амандмани. Пратениците од опозициските партии на Албанците , пак, сметаат дека измените во Деловникот за онлајн работа се едностран чин на владејачката гарнитура особено што е познато дека Деловникот се менува со консензус.
Претседателот на Левица, Апасиев образложи дека нивните пратеници се одлучиле за амандмански филибастеринг за да не ѝ дозволат на власта, како што вели, да прошверцува Деловник со кој полесно ќе ратификува штетен анекс- договор со Бугарија.
Фиљана Кока
