Иванов со отчет за пет годишниот мандат
Напишан е во 13 поглавја. Ги опфаќа активностите на Иванов во надворешната и безбедносната политика, образованието, економијата...

Актуелниот претседател и кандидат за иден шеф на државата, Ѓорге Иванов почна да го дели отчетот за сработеното во изминатите пет години.
Напишан е во 13 поглавја. Ги опфаќа активностите на Иванов во надворешната и безбедносната политика, образованието, економијата.
„Каква Македонија градиме, таква ќе ја имаме“ – била идејата водилка на Иванов.
Во воведот на отчетот уште вели - „Само како Македонија и како Македонци сме придобивка за Европа и за светот... само како Македонија и како Македонци, Европа е придобивка за нас“.
Иванов вели дека претседателот на државата е глас на секој македонски граѓанин без разлика на неговата етничка, верска или која било друга припадност.
Отчетот се дели на средбите со граѓаните. Иванов е прв претседател што дава отчет за сработеното.
