Потпишана Спогодбата за трговија со Обединетото Кралство
Амабасадорката Галовеј истакна дека потпишувањето означува почеток на нова ера во соработката, нагласувајќи дека земјава е нивен најголем трговски партнер од Западниот Балкан.

Во Министерството за надворешни работи е потпишана спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу нашата земја и Обединетото Кралство. Спогодбата ја парафираа шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и амбасадорката Рејчел Галовеј.
Амабасадорката Галовеј истакна дека потпишувањето означува почеток на нова ера во соработката, нагласувајќи дека земјава е нивен најголем трговски партнер од Западниот Балкан.
Обединетото Кралство, во изминатите десет години прерасна во еден од најзначајните трговски партнери на С. Македонија и меѓу десетте најголеми извозни и увозни дестинации на нашта земја.
Договорот значи потенцијал за бизнисите да ја зголемат економската активност меѓу двете земји, тоа ќе значи потенцијал и за останатите бизниси да оформат нови релации на соработка ослободени од бариерите на границите, ова е потенцијал и за нови британски инвестиции, за нови работни места, изјави министерот Османи.
За време на церемонијата на потпишување на Спогодбата, преку видео-линковско вклучување се обрати и Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Премиерот Борис Џонсон.
