Пуштена во употреба новата концертна сала во Анкара
Овој објект не само што ќе биде еден од ретките музички центри во светските метрополи, туку ќе претставува и центар за уметности што нуди најбогата содржина во културно-уметничко производство на меѓународно ниво.

Новата концертна сала во Анкара свечено пуштена во употреба. Зградата чии темели се воспоставени уште од 1826 година во главниот град на Турција, беше отворена на вечерва со свечена церемонија и во присустуво на претседателот Реџеп Таип Ердоган и министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.
Светски познатата сопранка Анџела Георгиу, најдоброто светско пијано дуо Гухер и Сухер Пекинел и светски познатиот пијанист Идил Бирет, беа дел од програмата на свеченото отворање, во режија на Џеми Џан Делиорман.
Новата зграда, дизајнирана како проект на Семра Ујгур и Озџан Ујгур е со затворена површина од 62.547 квадратни метри. Вклучува голема концертна сала за 2.023 лица, мала концертна сала за 500 лица, отворено концертно подрачје за 10 илјади лица и музеј на Претседателскиот Симфониски Оркестар.
Овој објект не само што ќе биде еден од ретките музички центри во светските метрополи, туку ќе претставува и центар за уметности што нуди најбогата содржина во културно-уметничко производство на меѓународно ниво.
На севеченото отворање, при кое се почитуваа сите мерки преземени во борбата со Ковид-19,а особено правилата за социјална дистанца, учествуваа уметници и новинари од целиот свет како и бројни домашни и странски гости специјално поканети од Министерството за култура и туризам на Република Турција.
