Кина гради стадион во форма на лотосов цвет
Новиот стадион ќе може да прими речиси 100.000 луѓе, а интересно е што е обликуван како лотосов цвет. Во него ќе има многу ВИП-места и ексклузивна ФИФА-област.

Додека многу земји сè уште закрепнуваат од пандемијата и нејзините ефекти, Кина почна со своите нормални активности. Имено оваа земја почна да го гради најголемиот светски фудбалски стадион во градот Гуангжу. Овој проект е вреден 1,7 милијарда долари и се очекува да биде готов до 2022 година.
Новиот стадион ќе може да прими речиси 100.000 луѓе, а интересно е што е обликуван како лотосов цвет. Во него ќе има многу ВИП-места и ексклузивна ФИФА-област. Проектот е конципиран како дел од планот на земјата да ја зајакне фудбалската инфраструктура и да изгради луксузна платформа за Купот на Азија во 2023 година.
Сосема разбирливо, се очекува стадионот да стане нов белег од светска класа кој ќе се споредува со Операта во Сиднеј и Бурџ Калифа во Дубаи.
Дијана Гогова Атанасова
