Бајден: Ќе се вакцинирам кога ќе биде сигурно
04.12.2020 10:36
Бајден го повикал главниот американски инфектолог Ентони Фаучи да продолжи да ја извршува својата работа и да биде главен медицински советник во тимот на новата администрација за борба против Ковид-19.

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го повикал главниот американски инфектолог Ентони Фаучи да продолжи да ја извршува својата работа и да биде главен медицински советник во тимот на новата администрација за борба против Ковид-19.
Бајден нагласи дека ќе се вакцинира јавно кога Фаучи ќе каже дека вакцината е сигурна. Додаде дека штом ќе ја преземе функцијата ќе издаде уредба за задолжително носење маски во сојузните служби и во јавниот превоз меѓу државите.
