Филипче на состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19
На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.
На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.
Последните денови се забележува благ пад на новозаразените. Во претходното деноноќие, од направени 3.399 тестирања беа регистрирани 1.342 нови случаи на коронавирусот, починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти.
