УХМР

Поројни дождови в недела и понеделник

04.12.2020 12:18

Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, во недела кон крајот на денот и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2), информираат од УХМР...

Управата за хидрометеоролошки работи најави дождови на крајот на седмицата кои ќе бидат наместа поројни.

Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, во недела кон крајот на денот и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2), информираат од УХМР.

Во понеделник на планините ќе вее снег.