Тутунарите бараат повисоки откупни цени
04.12.2020 13:15
Тутунарите се жалат дека со просечна откупна цена од 150 денари не можат да ги подмираат ниту производствените трошоци. Бараат повисоки откупни цени и реално класирање од страна на откупувачите.
Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа на средба со тутунопроизводителите и откупувачите. Тутунарите се жалат дека со просечна откупна цена од 150 денари не можат да ги подмираат ниту производствените трошоци. Бараат повисоки откупни цени и реално класирање од страна на откупувачите.
Тутунските компании, пак велат дека имаат залихи и дека годинашната реколта е со послаб квалитет.
Од ресорот земјоделство се согласуваат дека ќе мора да се работи на подобрување на условите бидејќи тутунот е стратегиска култура.
