Прилеп

Градинките донираат и ги згрижуваат децата

04.12.2020 14:21

Вработените од прилепските градинки со собрани пари донираа заштитни средства во приелпската болница. Велат, ова е нивен мал, но од срце, придонес за вработените, како и за спомен на нивна колешка која ја загуби битката со вирусот. Градинките згрижуваат 400 деца и нема ниту едно заболено...

Прочистувачи на воздухот, заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција. Вработените во прилепските градинки собраа пари за да донираат во болницата и на инфективното одделение. Сакаме да помогнеме во битката со Ковид-19, велат и додаваат: ова е и за спомен на колешката која неодамна ја загуби битката со коронавирусот. Дадено од срце и за здравје.

Во прилепските градинки ситуацијата, сметаат се нормализира. Од 180 вработени, 11 воспитувачи се во изолација, има и две групи деца изолирано, но нема ниту едно заразено со вирусот.

Во шесте прилепски градинки, моментално се згрижени околу 400 деца. Според протоколот, бројката може да достигне до 600.

 

Елизабета Митреска