Хоџа: Рано е да се дава оценка за откупот и квалитетот на тутунот
Рано е да се дава оценка за откупот и за квалитетот на тутунот, вели министерот за земјоделство Аријанит Хоџа по средбата со тутунарите. Од досегашните откупени 256 тони, просечната цена за килограм тутун изнесува 163 денари...

Рано е да се дава оценка за откупот и за квалитетот на тутунот, вели министерот за земјоделство Аријанит Хоџа по средбата со тутунарите. Од досегашните откупени 256 тони, просечната цена за килограм тутун изнесува 163 денари. Дециден е дека ќе се бара решение за сите незадоволни производители. Очекува и годинава цената на тутунот да биде приближно како лани, кога изнесуваше 220 денари за килограм. Хоџа најавува укинување на четвртата класа за тутун.
Во Долненско почна откупот, тутунарите очекуваат дека цената ќе достигне до околу 200 денари за килограм тутун.
Денеска триесетина тутунопроизводители од струмичко излегоа на протест. Побараа трајно решение за откупот на жолтото злато.
Според ресорниот министер Хоџа, инспекциските контроли ќе зачестат. 15-ти декември е рокот до кога треба да бидат отворени сите откупни пункта. Лани беа произведени над 26.700 тони тутун.
Дијана Ценевска
