Дипломатија

Османи: Бугарија е изoлирана во блокадата на првата меѓувладина конференција

04.12.2020 16:34

„Бугарија е изолирана во блокадата на првата меѓувладина конференција. Од останатите земји- членки имаме безрезервна подршка“, тврди шефот на дипломатијата Османи по информациите во меидуми во Софија дека Данска и Холандија поддржува ветото. Демант стигна од холандската и данската амбасада. Првиот човек на полицијата Спасовски е убеден дека евентуалното бугарско „не“ за почеток на преговори не може да биде причина за нарушување на безбедносната состојба...

За македонскиот европски пат сѐ уште останува отворено прашањето со Република Бугарија. Само од соседот зависи меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската унија. Од останатите земји- членки имаме безрезервна поддршка, вели шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, по информациите во медиуми во Софија, дека Холандија и Данска го поддржуваат бугарското вето. Демант и од Холандската амбасада во Македонија.

Минисртерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уверува дека евентуалното бугарско „не“ за почеток на преговорите со Унијата неможе да биде причина за нарушување на безбедносната состојба во земјава.

Се очекува наредната недела специјалниот владин претставник Владо Бучковски да отпатува во Софија, каде земјава сѐ уште нема амбасадор.

Бучковски на највисоко ниво треба да разговара отворено за можностите за надминување на разликите, за да може земјава да пристапи кон одржување на првата меѓувладина конференција.

За неопходност на испраќање на веќе назначените амбасадори, шефот на македонската дипломатија јавно го повика Милошоски да ја свика собраниската Комнисија за надворешни работи каде треба да поминат неопходните процедури и да се испратат амбасадорите.

МНР, Владата и Претседателот разговарале за потполнување на уште шест амбасади , каде подолг период нема амбасадор.

Наташа Гркова- Петрушевска