Алпско скијање

Велеслаломска драма во Ленцерхајде

15.03.2014 19:15

Последниот велеслалом во сезоната ја изнедри една од најинтересните завршници во Светскиот куп во алпско скијање. Натпреварувачката драма на патеката во Ленцерхајде траеше до последната секунда. До моментот кога  Американецот Тед Лигети победи во денешната велеслаломска трка, а Австрецот Марсел Хиршер го освои 4-то место. Ваквиот пласман го формираше конечниот редослед во борбата за „Кристалниот глобус“ во оваа дисциплина.

Последниот велеслалом во сезоната ја изнедри една од најинтересните завршници во Светскиот куп во алпско скијање. Натпреварувачката драма на патеката во Ленцерхајде траеше до последната секунда. До моментот кога  Американецот Тед Лигети победи во денешната велеслаломска трка, а Австрецот Марсел Хиршер го освои 4-то место. Ваквиот пласман го формираше конечниот редослед во борбата за „Кристалниот глобус“ во оваа дисциплина. Го освои Тед Лигети со 560 бодови, пред Марсел Хиршер  исто така со 560 бодови, но Американецот поради поголемиот број на постигнати победи во сезоната стигна до почестите. Инаку, во денешната трка „на нерви“ втор беше Французинот Пантуро со 3 стотинки послабо време, а трет Германецот Феликс Нојројтер со 26 стотинки заостанување.

Велеслалом мажи: резултати

1.Тед Лигети (САД) 2:15.63

2.Алексис Пантуро(Фр)  +0.03 сек.

3.Феликс Нојројтер (Гер) +0.26 сек.

4.Марсел Хиршер (А) + 0.27

5.Роберто Нани (И)  +0.45

Велеслалом мажи:

1.Тед Лигети (САД) 560

2.Марсел Хиршер (А) 560

3.Алексис Пантуро(Фр) 458

Во Ленцерхајде денеска се возеше и последниот женски слалом во сезоната од Светскиот куп. Американката Микаела Шифрин имаше фуриозен настап, завршувајќи ја трката со голема резултатска супериорност. 4-та слаломска победа во сезоната ја извојува со време од 2:04.53, кое што беше недостижно за конкурентките. Ова е само потврда дека со своите 19 години Шифрин е неприкосновена „слаломска кралица“. Минатата година во Шладминг таа стана светска првенка, минатиот месец во Сочи го освои златниот олимписки медал, а сезоната ја круниса и со „кристалниот слаломски глобус“.

Слалом жени:резултати

1.Микаела Шифрин (САД)  2:04.53

2.Фрида Хасдотер (Ш) +1.44 сек.

3.Марлиз Шилд(А) +1.66

4.Катрин Цетел (А) +1.68

5.Венди Холденер(Шв) +1.70

Слалом жени:

1.Микаела Шифрин (САД) 638

2.Фрида Хансдотер (Ш)      488

3.Марлиз Шилд(А)              385

 

Утре во Ленцерхајде, во швајцарските Алпи завршува сезоната на Светскиот куп во алпско скијање. Мажите ќе го возат последниот слалом, девојките ќе се натпреваруваат во велеслалом.