ВМРО-ДПМНЕ пред Влада, се бара оставка од Заев

05.12.2020 17:34

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на нов протест во Скопје. Мицкоски од собирот обвини дека Заев преговара и тргува со идентитетот...

„Заев преговара за идентитетот и ја лаже цела македонска јавност“, рекоа учесниците на протестот на ВМРО-ДПМНЕ што почна од две локации во Скопје и заврши пред Владата.

Револтирани од политиката на власта во преговорите со Бугарија, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа, време е да се стави крај на лудоста на Заев, додека не е предоцна.

„Зад попустливоста на Заев се крие финансиски интерес“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакна и дека согласно информациите од бугарска стана, веќе се преговара и за придавката „Македонски“ што претставува основа на нашиот идентитет. Мицкоски го праша Заев колкава е, како што рече, цената на предавството.

Пред присутните се обрати и внуката на Раде Јовчевски- Корчагин, кој по наредба на бугарската полиција бил убиен од бугарскиот Агент Анто Георгиев.

Јовчевска праша дали е во интерес на добрососедството, гимназијата Корчагин да се преименувана во Анто Георгиев?

 

Марија Котовска