Почна изградбата на модуларната болница во Струмица
Почна изградбата на модуларната болница во кругот на струмичката болница. Треба да биде готова до крајот на годинава. Проблем - недостигот од лекари и медицински сестри...

Околу 80- тина пациенти се лекуваат во струмичката општа болница. Околу четириесетина од нив се хоспитализирани, а останатите се на дневна амбуланта. За да се задоволи здравствената услуга, во кругот на болницата започнува изградбата на модуларната болница.
Гогов се надева дека медицински персонал ќе се компензира со другите одделенија. Постојано алармира дека нема доволно ниту лекари, ниту сестри, ама сега ќе мора да се снаоѓа, откако во болничкиот круг ќе има модуларната болница.
Се очекува модуларната болница во кругот на струмичката болница да биде готова до крајот на оваа година.
Стојне Митева
