Меѓупартиски консензус за обезбедување пари за партиите

06.12.2020 17:10

Во Собранието помина Законот за финансирање на политичките партии. Пратениците изгласаа да се вратат парите коишто беа скратени поради коронакризата, а во пакет и средствата за в година...

Меѓупартиски консензус меѓу во Собранието кога пратениците треба да извлечат пари од државата за своите партии. Додека и натаму е отворено прашањето околу измените во Деловникот за онлајн гласање и заканите на опозицијата дека нема да прават кворум за работа, власта и опозицијата едногласно ги изгласаа измените  во Законот за финансирање на политичките партии со кои ќе си вратат дел од парите, повеќе од 3 милиони евра, кои пролетта им беа скратени поради коронавирусот. 

Средствата се чини и повеќе од потребни на партиите. Социјалдемократите без конкретен одговор дали можеби парите од државата ќе ги донираат за справување со пандемијата.

И опозициската ВМРО – ДПМНЕ која е со блокирана сметка остана без коментар на прашањето дали случајно ќе ги донира парите во хуманитарни цели. 

Од Левица, пак, тврдат дека нивните пратеници биле единствените кои на последната собраниска седница не гласале за измена и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии.

 

Миле Ристески