Ферментирана храна- природен пробиотик, најдобра инвестиција за имунитет

07.12.2020 10:24

Од дамнешни времиња во многу цивилизации во светот ферментирањето се користело како начин за чување храна. Се практикува и денес, ама помалку. На современиот човек полесно му е да купи процесирана готова храна од супермаркетите отколку да подготвува дома. Но, сите на кои им е важно здравјето и коишто знаат зошто е добро да се јаде ферментирана храна, се уште подготвуваат по нешто дома.

Што е ферментирање на храната?

Од дамнешни времиња во многу цивилизации во светот ферментирањето се користело како начин за чување храна. Се практикува и денес, ама помалку. На современиот човек полесно му е да купи процесирана готова храна од супермаркетите отколку да подготвува дома. Но, сите на кои им е важно здравјето и коишто знаат зошто е добро да се јаде ферментирана храна, се уште подготвуваат по нешто дома.

Што е ферментирање на храната?

Ферментацијата е процес на претворање на шеќерот (јаглехидратите) во алкохол, јаглерод диоксид, млечна киселина, оцетна киселина и слично, со помош на бактерии или квасни габи, во услови без кислород.

Овошјето, зеленчукот, месото млекото и други намирници може да се изложат на процес на ферментирање ставајќи ги во специфични услови со микроорганизми кои се корисни за здравјето. Така оваа храна ги задржува и квалитетот и хранливата вредност. Може да се ферментира со помош на таканаречени стартери, односно симбиотски колонии бактерии и квасни габи, а во таа група спаѓаат и млечните и водените кефирни зрнца, комбухата, потквасот за јогурт. Но, не се потребни стартери за се. На пример за природно закиселување на зеленчук доволно е да се исечка, посоли добро да се изгмечи, и да се остави да стои во сопствениот сок. Солта, времето, лактобактериите од површината на зеленчукот и бактериите присутни во околината, за три до четири недели ќе направат ферментирана салата, која лесно се вари во желудникот и во цревата, а при тоа помага за обновување на цревната микрофлора, го јакне имунитетот. Ова го правеле нашите баби и мајки со се што имале како плод за да направат зимница, односно да јадат здрави продукти и кога ги нема како свежи. Во денешницава најчесто се прави зимница со есенција, односно вештачки се закиселува храната, наместо да се остави сама да ферментира и да стане киселкаста.

Со ферментација се добива вино, пиво, квасец за кревање тесто, закиселен зеленчук, ферментирани млечни напивки, оцет и друго. Покрај тоа со процесот на ферментирање, храната сама се конзервира, затоа што микроорганизмите создаваат специфични услови кои не допуштаат развој на бактерии, Ако се случи тоа доаѓа до расипување на храната.

Какви се здравствените придобивки од ферментираната храна?

Сите природно ферментирани намирници имаат висока нутритивна вредност и се полесно сварливи од суровата или пак од варената храна. Хранливост им даваат микроорганизмите кои во процесот на ферментација дополнително ги збогатуваат со живи ензими, витами од Б групата и протеини. Тие создаваат подобрата апсорпција на сите хранливите состојки што ги внесуваме преку разновидна храна. На современиот човек му недостасува токму тоа, затоа што се јаде многу процесирана храна која не содржи соодветни нутриенти за здрав организам.

Ферментирани прозводи се најдобри природни пробиотици, Здравјето на цревата придонесува за целокупното здравје.

Цревната микрофлора ја одржува рамнотежата во организмотодносно 80% од имунитетот се создава во системот за варење. Затоа е добро сами да си помогнеме со внес на намирници богати со добри бактерии, а ферментираните прозводи се помагачи во градењето на имунитетот. Некои лактобацили во текот на ферментацијата произведуваат омега-3 масни киселини, кои се нужни за оптимално функционирање на имуниот систем.

Во денешно време кога многу се користат антибиотици, многумина имаат оштетена цревна флора. Затоа ферментираната храна многу помага за нејзино обновување. При тоа полесно се исфрлуваат и токсините од организмот. Некои методи на ферментација со киснење на житарките , мешунките , семките, јаткастите плодови ги неутрализираат токсините кои што ја спречуваат апсорпцијата на хранливите состојки. Лактобацилите ја подобруваат ПХ вредноста во цревата, затоа народите што редовно користат кефир се долговечни.

Доброто варење носи и други добри страни како редовна столица, подобар сон, сјајна кожа, зголемена енергија, губење на килограмите, ја смалува желбата за слатко, оптимален крвен притисок, ги намалува воспаленијата во крвотокот, ја елиминира кандидата. Многу е важно да се користат разноврсни ферментирани производи, затоа што разноликоста на микроорганизмите прави оптимално функционирање на организмот.

Ферментираната храна е најисплатливата инвестиција во сопственото здравје .Тоа е дел од нашата традиција и треба да го увидиме добробитот од здравата исхрана што ја практикувале нашите претци, особено во време на се поголема загаденост на околината и храната како и со вируси и бактерии.

Соња Стојановска