Санкционирани 217 возачи во Скопје, 23 возеле без дозвола

07.12.2020 09:50

Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 7 за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 11 за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР.

Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.