Македонија- Израел

Телефонски разговор Османи - Ашкенази

07.12.2020 11:35

Непосреден повод за разговорот е дваесет и пет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Израел, Габи Ашкенази.

Непосреден повод за разговорот е дваесет и пет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел.

Министрите Османи и Ашкенази се осврнаа на постигнувањата во изминатиот период, при што констатираа висок степен на пријателство меѓу двете земји и нагорен  тренд во меѓусебната соработка, во сите области од заемен интерес. Воедно, беше потенцирана и заложбата за  продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната соработка, соопштуваат од МНР.

Министрите Османи и Ашкенази разменија мислења и за актуелните состојби на регионален и глобален план.