Бесплатна поддршка на мали и средни претпријатија преку www.bizz4all.mk
Преку оваа платформа на фирмите им се нуди можност за директна и бесплатна советодавно – техничка асистенција од страна на искусни и стручни бизнис ментори.

Малите и средни претпријатија директно погодени од Ковид- 19 кризата од денес ќе можат да добијат поддршка преку новиот дигиталниот продукт www.bizz4all.mk. Преку оваа платформа на фирмите им се нуди можност за директна и бесплатна советодавно – техничка асистенција од страна на искусни и стручни бизнис ментори.
Тие заедно со фирмите ќе работат во правец на креирање нови стратегии, пронаоѓање нови пазари и градење на нов пристап кон пазарот, подобрување на продажбата, начинот на работење, управување со финансиите, пристап до финансии.
Содржините на платформата се од информативен и едукативен карактер, а преку едноставно пополнување на информативен прашалник, секоја заинтересирана фирма ќе добие можност за остварување директна комуникација со соодветен бизнис ментор кој во одреден сет на менторски часови директно ќе работи и ќе понуди советодавно – техничка поддршка на бизнисот. Исто така, со цел да се скрати патот потребен да се одреди најсоодветната програма за финансирање за секој заинтересиран корисник, се нуди систематски и структуиран преглед на сите достапни програми, мерки и активности за поддршка од разни чинители.
Оваа платформа е дел од проектот за создавање нови можности за вработување на ранливите категории, со акцент на развојот на бизнис секторот, поддржан од Швајцарската амбасада, а реализиран од Програмата за развој на Обединетите нации.
