Утре во Брисел ќе се одлучува за преговарачката рамка

07.12.2020 13:13

Владата во изминатите денови со оптимизам дека источниот сосед ќе се откаже од најавеното вето, но, и со став дека идентитетот и македонскиот јазик нема да бидат ставени на маса за преговори.

Советот за општи и заеднички работи утре во Брисел ќе одлучува за преговарачката рамка на Европската унија со државава. Од Софија сѐ уште тактизираат со конкретни информации, дали се можни пробив и деблокирање за да се отвори патот за одржување на меѓувладината конференција и отворање на преговорите на земјава со Европската унија.

Владата во изминатите денови со оптимизам дека источниот сосед ќе се откаже од најавеното вето, но, и со став дека идентитетот и македонскиот јазик нема да бидат ставени на маса за преговори.

Опозицијата обвинува дека власта тргува со придавката „Македонски“ и дека ќе се откаже од македонската историја, јазик и идентитет.