Тутунарите протестираат и бараат итно решавање на проблемите
Тутунаирте не отстапуваат од решавање на нивните проблеми. По вчерашниот предупредувачки, денеска на протест со блокади и барање за итна средба во Министерство за земјоделство. Од Прилепскиот комбинат велат дека досега откупиле 80 тони тутун по просечна цена од 171 денар...

Тутунарите на протести и блокади. По вчерашниот предупредувачи, денеска на протест не само во Прилеп. Пред откупниот пункт на Прилепскиот коминат, побараа итно решавање на проблемите. Велат, нема да отстапат дури не се реши нивната мака. Барањата за реална процена на тутунот, да ја нема четвртата и дополнителните класи, ги доставиле до министерството и побараа итна средба. Се протестира и во Струмичко со блокада на откупен пунт.
Се огласи менаџментот на Прилепскиот комбинат. Досега откупиле 80 тони тутун по просечна цена од 171 денар, а на ниво на држава е 165 денари, според годинашниов квалитет. Ако тутунарите се незадоволни, нивните повереници може да оспорат до второстепената комисија.
Тутунарите најавуваат поголеми блокади. Од среда бараат поверениците да ги блокираат откупите на вагите.
Елизабета Митреска
