Проширувањето тргнато од агендата на ЕУ
Проширувањето на Европската унија со Македонија и Албанија, тргнато од дневен ред на самитот на министри на земјите членки. Иако сѐ уште има оптимизам, сѐ поизвесно е дека Бугарија нема да го повлече ветото за државава, не отстапува од своите барања...

Проширувањето на Европската унија со Македонија и Албанија, тргнато од дневен ред на самитот на министри на земјите членки. Иако сѐ уште има оптимизам, сѐ поизвесно е дека Бугарија нема да го повлече ветото за државава, не отстапува од своите барања.
Евроамбасадорот Гир вели- продолжете ги дијалогот и реформскиот пат, не е прашање дали, туку кога ќе ги почнете претпристапните преговори. Бугарскиот престедател Радев посочува дека бил прв што кажал дека неговата земја треба да има одржлива национална позиција и црвени линии во однос на Македонија.
Во исчекување на одлуките на Брисел, Владата со став дека идентитетот и македонскиот јазик нема да бидат ставени на маса за преговори. Опозицијата обвинува дека власта тргува со придавката „Македонски“ и ќе се откаже од македонската историја, јазик и идентитет.
