Градинки

СОНК обвинува за прекршување на Колективниот договор

07.12.2020 16:48

Синдикатот за образование и наука обвинува за прекршување на Колективниот договор. СОНК тврди – воспитувачките и негувателките во градинките работат повеќе од пропишаното. Министерката демантира, никој не дал такви насоки...

Роза Угриновска, вработена во градинката Срничка во Општина Аеродром, вели дека Инспекторатот од Министерството згрешило кога наложило вработените во детските градинки да работаат 8 часа. Воспитувачките и негувателките работаат и повеќе, но инспекторатот очигледно не го зел предвид воспитно- образовнот процес кој го спроведуваме преку социјалните мрежи.

Угриновска заедно со своите колеги од повеќе градинки присуствуваше на прес конференецијата на СОНК кој ја одржа пред објектот на Министерството за труд и социјална политика. Првиот човек Јаким Неделков, побара враќање на старото работно време како што налага Колективниот договор.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаскa ги отфрли обвинувањата. Нема никакви прекршувања на работничките права. Работното време на вработентие во  градинките се организира според Колективниот договор.

Од СОНК, пак велат дека министерката Шахпаска потикнувала и поддржувала работно време од 8 часа на состанок одржан неодамна со директорите на детските установи. Оттаму најавија порадикални чекори ако и понатаму не се почитува Колективниот договор. 

 

Зоран Димовски