Нема нови рестрикции за угостителскиот сектор

07.12.2020 16:56

Не се предвидени нови рестрикции за угостителскиот сектор. Министерот за економија Бектеши со смирувачки пораки до фирмите од оваа дејност. Според него, тие треба да продолжат да работат и во недела...

Над илјада деловни субјекти од угостителството и туризмот аплицирале за четвртиот пакет мерки за помош и поддршка во ковид – кризата. Оваа дејност е меѓунајпогодените во пандемијата.

Министерот Бектеши вели дека не се предвидени нови рестриктивни мерки кои дополнително би го погодиле угостителството и туризмот.

Во однос на разговорите за законски измени, со кои неделата ќе биде прогласена за неработен ден, ресорниот министер смета дека овој сектор треба да работи и во неделите, а во големопродажбата од секторот трговија би можело да има измени.