Одбележување на 8 Декември- Св. Климент Охридски
08.12.2020 10:29
По повод празникот 8 Декември – Св. Климент Охридски, делегација на Владата денеска ќе положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“...
По повод празникот 8 Декември – Свети Климент Охридски, делегација на Владата, во чиј состав ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Пред споменикот цвеќе ќе положи и делегација на Собранието, во состав од пратениците Горан Мисовски, Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска.
