Груевски: Нова инвестиција во Кичево ќе отвори 1.000 работни места
Околу 1.000 нови работни места ќе се отворат во Кичево, во погонот на компанија за производство на автомобилски воздушни перничиња која изразила интерес да инвестира во Македонија, најави премиерот Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител вечерва.

„Станува збор за компанија, за која не смеам се уште да го откријам името, таа самата треба да објави, која ќе инвестира во Кичево, а ќе производува воздушни перничиња“, рече Груевски.
Груевски воедно најави дека оваа година се очекуваат 20 странски компании да започнат со процесот на инвестирање во Македонија, дел од нив веќе започнале со изградба на своите производствени капацитети, а дел се во завршна фаза на објавување на нивните инвестиции.
Груевски зборуваше за најавената инвестиција во Велес на компанијата „Макарт“, која што ќе отвори од 600 до 700 работни места, како и инвестицијата на компанијата „Амфенол“ која е сместена во Кочани, а која што најавува околу 2.000 вработувања.
Премиерот говореше и за украинската инвестиција која купи три концесии за рудници, а преку истата ќе се овозможи вработување на 400 до 500 лица.