Санкциониран 221 возач во Скопје, 28 возеле без возачка дозвола
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот...

На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 221 мерки, меѓу кои 28 за возење без возачка дозвола, 20 за нерегистрирани возила, 9 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 17 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 10 за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР.
Изречени се и 45 мерки за непрописно паркирање, 32 возила се подигнати со „пајак“, 21 санкција за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.
