Полиција сѐ уште постапува по акцијата во скопско Арачиново
Кога целосно ќе заврши акцијата, министерството соодветно ќе извести, вели портпаролот Ангеловски.

Полицијата сѐ уште постапува во врска со акција во скопско Арачиново која почна доцна синоќа. Како што информираат од МВР, запленета е поголема количина марихуана. Засега нема детали дали има и колку лица се уапсени.
Кога целосно ќе заврши акцијата, министерството соодветно ќе извести, вели портпаролот Ангеловски.
Синоќа во Арачиново беше спроведена голема полициска акција во која учествуваа и припадниците на специјалните и посебните полициски сили, како и инспектори од крим-техника.
Во акцијата, како што соопштија повеќе медиуми, биле пронајдени два тона обработена марихуана. Се претпоставува дека се работи за марихуаната која во четвртокот била украдена од склад за преработка на канабис во селото Јосифово.
