Рот: Билатералните барања на една земја-членка го запреа проширувањето на ЕУ

08.12.2020 11:20

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот во улога на претседавач со последниот состанок на Советот за општи прашања на ЕУ, соопшти дека за време на германското претседателство не било возможно да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија поради билатерален спор со една земја- членка...

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот во улога на претседавач со последниот состанок на Советот за општи прашања на ЕУ, соопшти дека за време на германското претседателство не било возможно да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија поради билатерален спор со една земја- членка. Проширувањето на Унијата не е на дневен ред на видео состанокот на европските министри за европски прашања.

„Доаѓаме до темата околу проширувањето. Неодамна билатерално прашање на една земја- членка не овозможи во 2020-та за време на германското претседателство да постигнеме согласност за одржување на меѓувладина конференција со Северна Македонија и продолжување на реформите со Албанија. Оваа политичка одлука ќе не чини стабилноста на целиот регион на Западниот Балкан“, изјави Рот.

Германија како претседавач со ЕУ, порача тој, ќе направи сè што може за да се најде компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.