Ковид-криза

Беровските угостители бараат поголема помош од државата

08.12.2020 11:38

Туристичките работници и угостителите од Берово сметаат дека само целосно покривање на платите на вработените од државниот буџет Владата ќе помогне во опстанокот на овој сектор. Тоа воедно ќе значи и стабилност за вработените кои во добар дел сами заминуваат на работа во други дејности.

Туристичкиот бисер на крајниот исток на почетокот на пандемијата не почувствува големо намалување на гостите. Странските гости се намалија, но домашните беа во пораст, па загубите се амортизираа. Но, последните три месеци состојбата е загрижувачка.

Со цел да се задржат вработените, беровските угостители бараат државата целосно да ги покрие платите на вработените, не само да ги субвенционира.

Четвртиот пакет мерки за угостителите и туризмот нуди субвенции за исплата на минимална плата, ваучери за поддршка на домашен туризам и субвенции за организирање конференции и семинари.

Владата планира и намалување на ДДВ на ресторантските услуги.

 

Славица Величковска