Ковид-19

Германија подготвува уште построги мерки

08.12.2020 11:46

Канцеларката Меркел рече дека мерките за карантин воведени со затворање на ресторани и барови и ограничување на бројот на клиенти во продавниците се недоволни за ставање под контрола на вирусот. Некои провинции веќе дејствуваат самостојно.

Германските лидери повикаа на поостри ограничувања за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирусот, само неколку дена откако земјата забележа најголем број нови инфекции на дневно ниво.

Канцеларката Меркел рече дека мерките за карантин воведени со затворање на ресторани и барови и ограничување на бројот на клиенти во продавниците се недоволни за ставање под контрола на вирусот. Некои провинции веќе дејствуваат самостојно.

Од среда, луѓето во Баварија ќе можат да ги напуштат своите домови само од итни причини, а на места со најмал број на заразени лица, ќе биде потребен локален полициски час.