Со „Марш на Матка“ започнува планинарската сезона
16.03.2014 09:10
Како најава на планинарската сезона во Македонија, денеска ќе се одржи 18-тиот „Марш на Матка“.
Стартот е од ресторанот „Манастирска пештера“ (некогашна „Мечкина дупка“), во 10:05 часот, а првите педесетмина што ќе пристигнат на Петров Камен, односно Свети Спас, ќе добијат по една книга од издавачката куќа „Матица македонска“.

Организатори на маршот се Планинарскиот клуб „Видици“ и Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД, помогнати од „Неоком“, „Алкалоид“ и „Датинг“, а кон поддржувачите се придружија и Федерацијата на планинарските спортови, познатите планинарски друштва „Кораб“ и „Трансверзалец“, како и Скопско туристичко лето.
На маршот ќе му се приклучат и членовите на Здружението „Нефрон“, во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на бубрегот. Здружението ќе има свој пулт на кој ќе дели едукативни летоци и шише вода за секој учесник, со порака „Започни го денот со чаша вода - мисли на здравјето, на своите бубрези“