Работникот да избере кој ден ќе го земе за слободен
Работникот да има право да избере дали недела, или некој друг ден ќе го земе за слободен е ставот на Стопанската комора на северозападна Македонија, околу предлог законот на владата недела да биде ден за одмор, освен за гранките кои се од витално значење за државата. Голем дел од граѓаните се согласувата со владината предлог одлука, но истата ако се усвои бараат да се почитува...

Не сите граѓани имаат потреба во недела да останат дома кога администрацијата не работи и практично голем дел од работните обврски поврзани со државните установи не можат да ги завршат. Од Стопанската комора на северозападна Македонија сметаат дека вработените треба да имаат право на слободен избор, дали недела ќе биде за нив неработен, но сето тоа да биде пропратено со строга контрола од инспекторатот, за да немаме злоупотреби од работодавците.
Од Министерството за труд и социјална политика, велат дека недела треба да биде неработен ден, освен за дејносите кои се од витално значење за општеството. Но, тоа не значи дека нема да ги земеме предви мислењата и сугестиите на засегнатите страни околу новиот предлог закон, вели министерката Јагода Шахпаска.
Голем дел од граѓаните се согласуваат недела да биде неработен ден, но во пракса велат, ретко кој ќе ја почитуваа оваа одлука.
И денеска е државен празник, но во Тетово ништо не наговестува дека е неработен ден.
Зоран Димовски
