Велика Британија

Џонсон е подготвен за прекин на преговорите со ЕУ

08.12.2020 16:02

Трите критични области околу кои со месеци нема напредок се риболовот, односно пристапот на европсаките рибари до британските води, фер пазарните услови и начинот на решавање на идните спорови.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е подготвен да се повлече од преговорите со Европската унија доколку ЕУ не им излезе во пресрет на британските барања.

Трите критични области околу кои со месеци нема напредок се риболовот, односно пристапот на европсаките рибари до британските води, фер пазарните услови и начинот на решавање на идните спорови.

На состанокот се разговарало за Брегзит и темите на агендата на самитот на лидерите на земјите-членки, што ќе се состанат во Брисел во четврток и петок.