Мицкоски: Обединување и пораз на Заев за Македонија да престане да губи

08.12.2020 16:10

„Само кога ќе биде поразен Зоран Заев ќе престане да губи Македонија, а за тоа е потребно натпартиско обединување“- порака од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Побара оставка од премиерот и како што рече, да престане трговијата со идентитетот и историјата. Смета дека за подобра економија, здравство и повеќе работни места, потребни се вистински дела...

Потребни се вистински акции и дела. Сите заедно да се обединиме за да може Македонија да победува. Без разлика дали некој е политички определен или неопределен, дали е левичар или десничар, либерални или конзервативни, понижени или застрамени, потребно е обединување, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели- крајна цел е пораз на Зоран Заев и ослободување на Македонија.

Повикот за обединување е за модерно современо здравство, за подобро образование, за подобри денови кога ќе се цени маката и трудот на земјоделците. Ги повика и младите за перспективна иднина, со нови инвестиции, нови работни места.

Денешениот повик на Мицкоски не е ништо друго освен лицемерие, потценување на граѓаните, реагираат Социјалдемократите. Прашуваат - со кое лице Мицкоски ги повикува семејствата на починатите од коронвирусот да му се приклучат, додека негови пратеници во Собранието го кочат Законот за здравствена заштита.

 

Наташа Гркова- Петрушевска