Добрососедство

Бучковски во официјална посета на Софија

09.12.2020 09:54

Бучковски ќе има состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов...

Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, од денеска е во официјална посета на Софија. Тој за „Бгнес“ изјавил дека ќе има состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Македонскиот претставник утре ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.

„Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја“, изјавил Бучковски.