Олбрајт: Трагедија е тоа што Бугарија поради домашни причини ја блокира Северна Македонија

09.12.2020 10:31

Треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ, изјави Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД...

Мислам дека е целосна трагедија тоа што после долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грција, Бугарија поради домашни причини, истакна такви барања за Северна Македонија, и затоа треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ, изјави Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД.

„Мислам дека тоа е многу важно прашање што ги подвлекува нашите напори на Балканот, а тоа е да постои соработка на економски и политички план“, изјави Олбрајт на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.