Седници на четири собраниски комисии

09.12.2020 10:39

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е и утврдување предлог за избор на член на Судскиот совет и утврдување предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители.

Во законодавниот дом седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е и утврдување предлог за избор на член на Судскиот совет и утврдување предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители.

На Комисијата за труд и социјална политика меѓудругото ќе се дискутира по предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2020 година.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за неколку законски предлози, сите во второ читање, а Законодавно-правната комисија ќе ги разгледува предлог-законските решенија кои се на дневен ред на претходните комисии.