Шпанија размислува за пократка работна недела
Сега шпанската влада размислува за воведување четиридневна работна недела, односно скратено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста.

Идејата за пократка работна недела со години се дискутира низ целиот свет, но пандемијата на коронавирусот и нејзиното влијание врз вработувањето и работниците поттикна многумина да размислуваат за економијата и социјалните структури.
Сега шпанската влада размислува за воведување четиридневна работна недела, односно скратено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста.
Лидерот на левичарската партија „Унидас Помедос“, Пабло Иглесијас вели дека владата го разгледува предлогот за скратени работни часови со цел да се поттикне вработувањето.
Многу компании во текот на пандемијата ги испратија работниците на принудни одмори, а некои дури и отпуштиле голем дел.
Дијана Гогова Атанасова
