Формула 1

Росберг прв, Рикардо и Магнусен за прв пат

16.03.2014 10:10

Одличен старт на Нико Росберг, од третата позиција се проби на првата и до крајот не ја препушти, за 4 победа во кариерата, за потврда на моќта на Мерцедес на стартот на новата 65-та сезона во Формула 1 шампионатот...

Трката на Алберт парк во Mелбурн за големата награда на Австралија ќе ја паметат и другите двајца на пиедесталот. Даниел Рикардо поради првиот пиедестал во кариерата и тоа пред домашната публика и по конкурентноста на до неодамна отпишаниот Ред Бул , како и дебитантот во Ф1 , Кевин Магнусен кој е првиот данец во историјата што обезбедил место на подиумот и заедно со 4-то палсираниот Џенсон Батон најавија убав вовед во сезоната за екипата на Мек Ларен.

Прв пат по јуни минатата година на пиедесталот го немаше актуелниот шампион Фетел кој ја изгуби силата на болидот во 7-от круг и се повлече, а трката не ја заврши ниту носителот на пол-позицијата Луис Хамилтон откако уште во 4-от круг откажа неговиот мотор.

На стартот беше елиминиран и Фелипе Маса по ударот одзади од Кобајаши, а трката ја завршија 14 од 22-та болида.

5-тото место го освои Фернандо Алонсо со идеја за го заврши натпреварот без да притиска премногу, свежина и вистинска трка понуди 6-то палсираниот Ботас, а во бодови уште влегоа и Хулкенберг, Раиконен и двата болида на Торо Росо со Верњ и дебитантот Квјат.

Во новата ера на Ф1 со турбоагрегатите и хибридната технологија евидентно недостасува моќниот звук на моторите, на првата трка повеќе се калкулираше и се прибираа податоци за новите системи, но за очекување е дека веќе на следната во Сингапур на 30-ти март ќе има и многу повеќе акција.