СДСМ: Бугарското вето е на штета на осовните принципи и вредности на ЕУ

09.12.2020 13:07

Според Социјалдемократите, со таквиот потег Бугарија застана на патот на нашата европска интеграција за која претходно, во повеќе наврати, институциите на ЕУ и сите преостанати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите...

Неодобрувањето на преговарачката рамка за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската унија, сметаат од СДСМ.

Според Социјалдемократите, со таквиот потег Бугарија застана на патот на нашата европска интеграција за која претходно, во повеќе наврати, институциите на ЕУ и сите преостанати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите.

Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор и темелните вредности на нашиот Устав, велат од СДСМ.