ВМРО-ДПМНЕ: Ветото за Република Македонија е неспобност на Заев

09.12.2020 13:17

Според опозициската партија, Заев е виновен затоа што со неговата непромислена политика на ветување на се и сешто тој ги ослаби македонските позиции трајно и не доведе во ситуација било кој да се осмели да бара што и да посака.

Ветото за Република Македонија е неспобност на Заев, колку побргу го увиди тоа, толку помалку ќе имаме загуби, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Заев е виновен затоа што со неговата непромислена политика на ветување на се и сешто тој ги ослаби македонските позиции трајно и не доведе во ситуација било кој да се осмели да бара што и да посака.

Заев отвори проблем кај што го немаше. Пред Заев, Бугарија немаше проблем, ниту помислуваше да бара од Македонија откажување од идентитетот, јазикот и историјата, бидејќи тоа е наше неотуѓиво право, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.