Се зголемува позитивната перцепција на граѓаните да пријават незаконско дејствување и корупција
Претставниците на законодавната и на извршната власт се согласни дека најбитно е спроведувањето на законите, но и транспарентноста и отчетноста на сите институции и органи на управата. Денеска е Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Светла точка во борбата со корупцијата е што земјава, според најновото светско истражување, е второрангирана во однос на интегритетот на одбраната...

Секој да го даде најдоброто од себе без да помисли на непристојна понуда. Со личен пример, преку борба сам со себе, победата над корупцијата е гарантирана, порача првата антикорупционерка Ивановска. Според неа, само разбудената свест кај поединецот може да ја разбуди свеста кај нацијата.
Претставниците на законодавната и на извршната власт се согласни дека најбитно е спроведувањето на законите, но и транспарентноста и отчетноста на сите институции и органи на управата.
За ресорниот министер Маричиќ, значајно е да покажеме опипливи резултати во борбата против корупцијата и да го згогатиме досието со конечни пресуди за случаи на корупцијата на високо ниво, вклучително и со конфискација на имот стекнат на криминален начин. Тој на евроамбасадорот Гир му предочи колку одлагањето на отворањето преговори би ги поттурнало нашите почнати реформи во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Евроамбасадорот пак со свој став - корупцијата е предизвик со кој се соочуваат сите држави во светот.
Сепак една светла точка во борбата со корупцијата. Македонија е второрангирана во однос на интегритетот на одбраната, според најновото светско истражување.
Македонија пред две години се наоѓаше на 55 позиција. Шеќеринска со уверување дека следните реузлтати ќе бидат уште подобри.
Фиљана Кока
