Спасовски: Осум лица осомничени за кражбата на два тона марихуана
Осум лица се осомничени за двата тона марихуана која беше украдена од Јосифово, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. За сите нив, се бара притвор...

Приведени се осум лица, за сите кои се под истрага ќе се бара притвор – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Акцијата во Арачиново ја посочи како обемна и сложена. Станува збор за надозволена трговија и шверц со дрога. Повеќе детали околу заплената на 2 тони марихуана украдени од Јосифово, не открива во интерес на итрагата која е во тек.
Тој ја посети мобилната единица за безбедност во сообраќајот во близина на автопатот Скопје- Велес, носител на засилените акциски контроли во сообраќајот.
По преземените акции за подобрување на безбедноста, граѓаните се подисциплинирани во почитување на сообраќајните правила и прописи, што пак резултира со намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Спасовски инфомира дека во ноември 2019 година се случиле 714 сообраќајни незгоди, додека пак во ноември 2020 имало 564 сообраќајни незгоди, што е намалување за 21 процент.
Марија Котовска
