Мицкоски бара итна лидерска средба и формирање експертска влада
Итна лидерска средба бара претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Мицкоски. Ја обвини Владата дека ги имала најлошите 100 дена во историјата, а круна на загубите вели е последното вето за ЕУ...

Итна лидерсака средба и формирање на експертска влада предлага лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за како што вели спас на државата. Мицкоски најави и дека ќе побараат предвремени парламентарни избори штом се создат услови за тоа, имајќи ја в предвид актуелната ситуација со пандемијата.
Причините се евидентните загуби на секое поле од страна на Владата предводена од премиерот Заев. Според Мицкоски, стоте дена од старо- новата влада се најлошите која досега ги имала било која влада во историјата на современа македонска држава. Загубена економија, загубени животи, достоинство, атакуван идентитет, загубена правда, криминал. Мора оставка за да има иднина- истакна Мицкоски.
Владата го изгуби целиот кредибилитет, затоа мора Заев да си замине за да Македонија почне да оди напред. И најголемите скептици знаат дека вака повеќе не оди. Ги потрошија сите адути, сите ветувања, нагласи Мицкоски.
Врвот на загубите, е ова последно, ветото за ЕУ- рече лидерот на најголемата опозициска партија.
Марина Стојанова- Тонева
